Што е докапитализација?

613

Фото: Pixabay

Докапитализација е начин на зголемување на капиталот, односно главнината на компанијата. Капиталот може да се зголеми со вложување на пари, предмети и права. Со докапитализацијата се зголемува имотот на компанијата.

Зголемувањето не настанува во случај на позитивната разлика на приходите и расходите и не е последица на успешното раководење на фирмата, туку е резултат на дополнителните уплати на сопственикот.

Капиталот може да се зголеми со вложување на пари, недвижен имот и права.

Важно е да се напомене дека компаниите во случај на докапитализација, на постоечките акционери им ги нудат акциите по пониска цена од регуларната.

Постоечките акционери имаат право со акциите да располагаат по сопствена волја, можат да ги продадат на трето лице, можат да ги искористат или да дозволат нивната важност да истече без употреба.

Честопати, докапитализацијата се користи како метода на приватизација, при што има попусти на приватниот капитал, со надеж дека таквата приватизација ќе доведе до зголемување на ефикасноста на управување со компанијата.