Што е ефективна каматна стапка?

1179

Фото: Pixabay

Ефективна каматна стапка е износот којшто кредиторот ефективно го добива по одбивањето на данокот и други евентуални трошоци.

Ефективната каматна стапка ги вклучува трошоците за обработка на барањето, цената на реализација на кредитот, годишниот надоместок за водење на кредитот, износот на премиите за осигурување, ако услов за користење на кредити е осигурување, трошоците за отворање и водење на состојбата за кредити, како и други трошоци поврзани со помошни услуги коишто претставуваат услов за користење на кредитите и се на товар на корисникот.

За разлика од номиналната каматна стапка, ефективна каматна стапка е вистинската цена на кредитот и овозможува полесно да се идентификуваат и да се споредат условите под кои различни банки ги нудат истите кредити.

Ако станува збор за одобрени кредити со депозит, ефективната стапка го вклучува приход од камата платена од страна на банката за депозитот.