Што е еврообврзница?

282

coins-3146970_960_720

Фото: Pixabay

Еврообврзницата е меѓународна обврзница којашто е деноминирана во валута која не е издадена во земјата каде што е издадена.

Популарноста на еврообврзниците како алатка за финансирање го рефлектира нивниот висок степен на флексибилност, бидејќи им нуди на издавачите можност да ја изберат земјата на издавање врз основа на регулаторниот пазар, каматните стапки и длабочината на пазарот. Тие се исто така привлечни за инвеститорите, бидејќи обично имаат мали номинални вредности и висока ликвидност.

Терминот еврообврзница се однесува само на фактот што обврзницата се издава надвор од границите на матичната земја на валутата; тоа не значи дека обврзницата била издадена во Европа или деноминирана во еврото.

Првата еврообврзница беше издадена во 1963 година од фирмата Autostrade, компанија што управуваше со националните железнички пруги во Италија. Тоа беше обврзница од 15 милиони долари, дизајнирана од банкари во Лондон, издадена на аеродромот Шипхол во Амстердам и платена во Луксембург за да ги намали даноците. Тоа им овозможи на европските инвеститори да имаат сигурна инвестиција  деноминирана во долари.

Еврообврзниците се особено атрактивни за издавачите со седиште во земји коишто немаат голем пазар на капитал, истовремено нудејќи диверзификација на инвеститорите.Еврообврзниците им даваат можност на издавачите да ги искористат поволните регулаторни и кредитни услови во други земји. Тие обично не подлежат на даноци или регулативи на која било влада.

Задолжувањето во странска валута, исто така, претставува ризик, покрај стандардните ризици, кредитен ризик и ризик од промена на каматните стапки.