Што е FAQ?

88

FAQ е кратенка од Frequently asked questions што во превод значи често поставувани прашања.

Овој сегмент може да се сретне на интернет страници, форуми и слични места на коишто постојат вообичаени прашања што се повторуваат. Неговата цел најчесто е пружање информации за најчестите прашања и недоумици што ги имаат корисниците за одреден производ, услуга, компанија, кампања и слично.

Вообичаено е видлив на интернет страниците, а претставува организирана листа на прашања и нивни одговори.

FAQ во интернет просторот датира од 80-тите години на минатиот век на веб страниците на вселенската агенција НАСА. Повторувањето на одредени прашања одземало многу време на администраторите, па од таа причина, нивните одговори се поместени на една листа.

Фото: Pexels