Што е ФИБВ/FIBV?

69

Фото: Pexels

ФИБВ (FIBV) претставува светско здружение на берзите на хартии од вредност. Целта на здружението е унапредување и блиска соработка на светските берзи со цел да се придонесе за развој на пазарот на хартии од вредност. Сето ова е во конечен интерес на издавачите на хартии од вредност и вложувачите, како и соработка со националните и меѓународни организации поради постигнување на оваа цел.

Ова здружение е основано во 1961 година и нуди широк спектар на техничка помош и разни стручни лица од областа.

Еден од специфичните инструменти за постигнување на конечната цел е организација на т.н. Workshopov-и, на коишто учествуваат најдобри експерти и се расправа за проблемите и новите тенденции во развојот на пазарот на капитал ширум светот.

Една од поновите акции е востановувањето на Комитетот за нови пазари на капитал. Здружението има 31 полноправнии членки, 8 придружни и 29 дописни членки.