Што е филијала?

1671

building-3185935_960_720

Фото: Pixabay

Филијала е подружница, работна единица којашто делува надвор од централата на некое претпријатие, деловен субјект и слично. Поимот филијала може да се толкува на повеќе начини, но во основа најчесто се користи во економијата и означува подружница на банката. Истовремено, таа се поистоветува како дел од една банка без статус на правно лице, којашто врши работи на банка што ги дозволува Законот за банки. Најчесто, филијала на една банка се занимава со одреден, точно утврден процес, на пример работа со граѓани или филијала за потрошувачки кредити.

Многумина поимот филијала го поистоветуваат со експозитура, иако двата збора имаат различно значење.

Работите коишто ги вршат филијалите и експозитурите зависат од видот на установата и нејзините активности и ингеренции, при што основната разлика помеѓу нив е тоа што филијала е на повисоко хиеархиско ниво, односно, прво се основаат филијали, а потоа, во нивни рамки, се отвараат експозитури. Во рамки на една филијала, можат да се отворат, односно да постојат, повеќе експозитури.