Што е influencer marketing?

842

Фото: Pixbay

Уште еден термин на англиски јазик што се користи во домашната маркетинг терминологија – influencer marketing. Станува збор за маркетинг стратегија што вклучува контакт со луѓе кои имаат задача позитивно да зборуваат за одреден производ или услуга.

Ова и не е нова стратегија, бидејќи и досега голем број брендови за изработка на реклами ангажираат познати и влијателни луѓе. Разликата е во тоа што таканаречениот инфлуенсер не е исто што и позната личност.

Современите потрошувачи пред да купат било што, тие пребаруваат на интернет за да добијат мислење од корисници со слични желби. Онлајн инфлуенсерите од некоја причина стануваат влијателни во интернет просторот и нивното мислење станува референца за многумина.

Постојат неколку видови на инфлуенсери:

  • Блогери – автори на блогови во коишто пишуваат за различни теми и кои, без оглед на содржината, имаат голема публика пред себе и луѓе кои го следат нивното мислење.
  • Инстаграмери – се работи за заедница на корисници на оваа апликација, а тие благодарение на фотографиите што ги споделуваат, успеале да допрат до голем број луѓе.
  • Јутубери – тие се професионални корисници на видео платформата YouTube кои пуштаат, уредуваат и споделуваат видео записи со мислења, искуства, совети или водичи за било каква тема.

Користењето на ваков вид на маркетинг ѝ помага на компанијата да изгради доверба со клиентите, да ги нагласи предностите на производот или услугата што ги нуди, го подобрува угледот и слично.