Што е јoint venture?

149

Изразот јoint venture може да се преведе како форма на инвестирање на домашни и странски фирми, односно на домашен и странски капитал во заеднички претпријатија, врз основа на заеднички деловен интерес и заеднички ризик. Со други зборови тоа е еден облик на мешовито претпријатие.

Основањето вакви претпријатија во земјите во развој меѓу домашни компании и странски развиени фирми е мотивирано од заеднички деловен интерес. Секој партнер ги користи компаративните предности на другиот партнер, коишто тие ги внесуваат во заедничката фирма.

Предностите на локалните партнери од земјите во развој cе:

  • познавање на состојбите на домашниот пазар;
  • блискост со државната администрација;
  • познавање на домашната законска регулатива;
  • познавање на положбата на локалните пазари на трудот и цената на работната сила;
  • познавање на постојните индустриски погодности.

Предностите на странските партнери ce состојат во тоа што тие можат да понудат современа техника и технологија, современ производ, современ менаџмент и know-how, како и пристап кон странските пазари.

Со основањето на мешовито претпријатие (joint venture) релативно ce смалуваат вложувањата капитал, во споредба со тоа секој партнер одделно да формира компанија.