Што е код – шер?

173

Код – шер претставува договор меѓу две авиокомпании што има за цел да ги подели трошоците и организацијата на летот. Слободно место во авионот може да се купи преку онаа авиокомпании што го организира летото, но и кај другата компанија што билетите ги продава под друго име или друг код (цифра) на летот.

Со оглед на тоа што секој лет има своја ознака, како и број на летото, овој договор овозможува на летот да се додадат кодови од други авиокомпании. Со тоа, компанијата што го организира летот, преку дистрибуција на места на други превозници, склучува код – шер договор.

Овој договор на патниците им дава повеќе можности, авиокомпанијата што го реализира летот има мала, но сигурна заработка за одвоените места на својот партнер, а компанијата којашто само ги продава местата има заработка од лет којшто сама не би можела да го финансира и којшто не би бил исплатлив поради високите трошоци за летање.