Фото: Pixabay
Комбинат е голема сложена стопанска организација во којашто се поврзани и обединети повеќе производствени единици од различни дејности.
Постојат хоризонтални и вертикални комбинати.
Првите обединуваат капацитети од исти гранки или од разни гранки, чиишто процеси ce дополнуваат меѓу себе со обработка на отпадоци или со вршење помошни функции. Вторите обединуваат сукцесивни процеси или фази на производството од создавањето на суровината до нејзината преработка во финален производ.
Постојат и мешани комбинати, коишто обединуваат производствени единици од различен вид, иако немаат технолошка врска меѓу себе. Комбинатите имаат економски предности во споредба со класичните претпријатија:
-Помалку влијаат конјунктурните колебања врз профитната стапка;
-Производствените трошоци ce намалуваат со користењето на отпадоците;
-Располагаат со огромни амортизациони и акумулациони фондови, поради што ce во можност инвестирањето да го вршат врз основа на самофинансирање;
-Поотпорни ce на рецесии;
Како крупни претпријатија имаат поголеми можности за истражувачка работа, за технички напредок, за зголемување на продуктивноста на трудот, проучување на пазарот, за лансирање нови производи. Co оглед на тоа што ce многу крупни стопански организации, обично ce наоѓаат во монополистичка положба.