Што е концесија?

2236

gradenje-most-pixabay

Фото: Pixabay

Концесија е поим што произлегува од латинскиот збор concedere, што значи отстапување, дозволување, препуштање. Под овој поим се подразбира дозвола што јавните власти ја даваат на физички или правни лица (од земјата или од странство) со цел да вршат одредена дејност по однапред познати и пропишани услови.

Концесијата претставува правна работа којашто се реализира меѓу давателот на концесијата (државата, градот или општините) – концедент и меѓу примателот на концесијата, односно концесионерот. Главната цел на концесионерот е користење на одредено јавно добро заради остварување позитивен финансиски резултат, но да се држи строго кон пропишаните услови во договорот за концесија.

Предмет на концесија, според домашното законодавство, може да биде: добра од општ интерес или објекти, постројки, инсталации или друг имот во сопственост на концедентот, како и добра од општ интерес за коишто концесионерот има обврска да изврши целосна или делумна изградба на нови или реконструкција, конзервација, уредување или унапредување на постојните објекти, постројки, инсталации…

Постојат повеќе области во коишто може да се дава одредена концесија. Меѓу нив се: рударство; телекомуникации; сообраќајна инфраструктура, спорт и слично.

Меѓусебните права и обврски на концедентот и концесионерот се уредуваат со склучување на концесионерски договор.