Што е контингенција?

483

Фото: Pexels

Под контингенција се подразбира непредвидлива околност, настан или фактор што во конкретна ситуација би можел да влијае на одреден настан.

Во економијата, поимот контингенција често се споменува во организациска и менаџерска теорија и подразбира ситуација од којашто ќе зависи кои решенија ќе бидат соодветни за конкретен проблем, настан, постапка…Оттаму произлегува т.н. контингенциски пристап, што често е наречен и ситуациски пристап или теорија.

Теоријата на контингенцијата е важна нишка во раководењето на еден субјект, компанија, организација. Од контингенцијата зависи дали и колку субјектот ќе биде успешен, во што големо влијание има и дадената ситуација.