Што е кризен менаџмент?

1286

Менаџерите кои во обични денови се снаоѓаат подобро или полошо, во услови на криза доаѓаат во ситуација да немаат капацитет да се справат. Кризниот менаџмент е неопходен за секој бизнис од најразлични причини, бидејќи кризата може да се појави во повеќе облици.

Овој вид на управување поминува низ четири фази:

  • Секој менаџер мора да биде свесен дека секогаш постои можност да избие некаква криза или проблем. Мора да имате план Б или потенцијално сценарио, како одговор на тие кризни ситуации.
  • Кога ќе се појави проблемот или настане кризата, мора да се истражи нивниот корен, да се идентификува и колку е можно да се изолира. Потоа, треба сериозно да се почне со спроведување на планот за управување со криза
  • Се прави анализа на настанатата ситуација, се сумираат резултатите и се преземаат мерки штетата да биде сведена на минимум.
  • Последната фаза подразбира извлекување на сите потребни заклучоци за да се избегне таква слична криза во иднина.

Иако вообичаено, еден проблем не доаѓа како што тоа го пишува во теорија, со себе сигурно носи уште еден мал тон други предизвици. Сепак, овие насоки можат да ви помогнат подобро да се организирате и да бидете одговорни пред себе, своите вработени, секторот, општеството во целина.

Секој претприемач и кога “плови по мирни води“ мора да размислува како некоја криза би можела да му ги наруши плановите и остварување на целите. Освен тоа, мора да биде свесен за тоа како влијае на неговите вработени, потрошувачи, добавувачи и општеството во целина.

Без оглед на тоа дали кризата доаѓа од редовите на компанијата (конфликт меѓу колеги, проблеми во производниот процес, остварена загуба…) или од некој надворешен фактор (елементарна непогода, глобални ризици, војни…), важно е да постои план за справување со истата.

Одговорните лица во тие кризни ситуации ќе треба да ја воочат грешката, да се екипираат, да ги стават на располагање сите ресурси, да ги преземат сите потребни активности, да ги почитуваат пропишаните протоколи и стандарди и да се трудат да ги минимизираат штетите.

Таканаречената “епидемска“ криза со којашто во овој момент се соочува светот, предизвикана од корона вирусот, има свое влијание врз околината, економиите, целиот светот. Поради силниот замав на овој вирус, глобалната економија се соочува со рецесија. Од таа причина, се менуваат условите во коишто се работи, а влијае на сите подеднакво, без оглед на дејноста, индустријата, големината. За да се излезе од таква криза, потребно е повеќе време, ресурси, а и работа во услови на поголема неизвесност, но и претпазливост.

Фото: Pixabay