Што е личен доход?

47

Под поимот личен доход се подразбира плата, односно паричните примања што ce остваруваат врз основа на трудот или работниот однос. Личниот доход на вработениот зависи од обемот, сложеноста и ефикасноста на трудот.

Мерилата за негова распределба ce утврдуваат според определени начела и договори. Паричната форма во којашто ce остварува личниот доход претставува номинален личен доход, што, всушност, значи упатница за купување определено количество средства за живот, неопходни за репродукција на работната сила.

Кога тие ќе ce купат по определени цени, тогаш реално ce определува уделот на поединците во општествениот потрошувачки производ. Со тоа номиналниот ce претвора во реален или вистински личен доход. Реалниот личен доход зависи од висината на номиналниот личен доход и од висината на цените на средствата за живот. Како што ce менуваат тие, така ce менува и реалниот личен доход.

Ce разликува бруто (вкупен) и нето (чист) личен доход, односно плата. Кога од бруто личниот доход ќе ce одбијат задолжителните давачки, од типот на придонеси и слично, останува нето личниот доход, или нето платата.

Фото:Pixabay