Фото: Pixabay
Живееме во време кога критикувањето се применува многу често, а не сме ни свесни за неговите последици. Ми се случува сè почесто за една иста работа да бидам пофален, но малку после тоа веднаш да бидам искритикуван. Или да бидеш критикуван, затоа што така мисли соговорникот, без можност да имаш свој став околу работата или настанот. Едноставно, нема концепт, туку само да се кажело нешто, да се направиме паметни.
Проблемот е што малку луѓе знаат, да не кажам на прсти можеби можеме да изброиме кои знаат дека критикувањето кажува повеќе за човекот што критикува отколку за оној што го критикуваме. Кај односите меѓу луѓето, дури е и ставено на прво место во однос на процена на успех на тој однос.
Тоа е така, само затоа што кога критикуваме не сме свесни дека тоа може да биде деструктивно, ако е:
- За карактерот на човекот, а не за неговото однесување.
- Исполнето само со обвинување.
- Без мотив за подобрување.
- Без можност за разговор и дискусија околу различноста на гледањето на работите.
Критиката е индиректна форма на самофалење
Непознат автор
И да знаете дека е така само затоа што критикувањето е лесна форма на одбрана на егото, а за егото нема да зборуваме, дури и премногу е говорено. Не за друго, туку кога критикуваат, нe критикуваат затоа што не се сложуваат со нечие однесување или став, туку критикуваат затоа што се чувствуваат девалвирани од нечие однесување или став неприфатливо за нив/нас.
Постојана, според она горе наведено, погрешна критика, пак, влијае на довербата, но и на самодовербата, што пак нè доведува до подобрување на ситуацијата, туку баш напротив, доведува до оддалечување на луѓето. Оддалечувањето е само поради тоа што критиката како таква доведува до активирање на одбранбениот систем кај соговорникот, а тоа природно доведува до менување на комуникацијата и несомнено доведува до недоразбирање.
И сега, кога накратко начнавме некои од работите, зашто критикувањето не е добро, тогаш се поставува прашањето: Зошто сепак критикуваме? Ако можете и сакате, размислете за ова, но мене ми е некако дилема дека нема да може да се најде одговор, од проста причина, затоа што ние самите ако си се прашаме, дали сме критичари, ќе си одговориме дека ние само сакаме да се подобри работата… да се мотивираат другите… да им се укаже на грешките… да се подобри комуникацијата…
Со успех во промените.
Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.