Мејл маркетинг претставува алатка што ги користи електронските пораки како канал за промоција на одреден производ или услуга. Вообичаено, се користи кога компанијата има потреба од создавање нова база на потенцијални купувачи.
Овој вид на маркетинг е сличен со директната пошта, со таа разлика што во овој случај се користат електронски пораки.
Мејл маркетингот му помага на бизнисот да развие, но и да одржи однос со клиентите, што понатаму би требало да резултира со зголемување на продажбата, како и локалност на клиентите. Меѓу главните предности на оваа маркетинг алатка е тоа што е евтин и лесен за спроведување. Една од маните што ја има мејл маркетингот е тоа што редовно ги полни електронските сандачиња на корисниците и може лесно да им здодее.
Мејл маркетингот може значајно да ги зголеми приходите на компанијата, ако работите се прават на вистински начин. Права умешност е да се направи електронска порака што ќе допре до таргетираната публика, ќе го привлече нивното внимание и ќе ја стекне нивната доверба.
Фото: Pixabay