Што е наполица?

340

Фото: Pixabay

Наполица е облик на закуп во земјоделството што означува поделба на произведениот производ (односно нето производ) од земјата, земена под закуп на два еднакви дела меѓу закупецот и сопственикот на земјата. Наполичарскиот систем ce јавува во повеќе варијанти, но основно е дека произведениот производ во определена пропорција ce дели меѓу закупецот и земјосопственикот.

Делот што го присвојува земјосопственикот претставува земјишна рента (според обликот – натурална рента) што го прифаќа вишокот на производ на производителот, што фактички значи појавна форма на вишок на трудот. Co оглед на тоа, таа ce разликува од капиталистичката земјишна рента, бидејќи таа опфаќа само дел од вишокот на вредноста.

Наполицата е стар облик на закуп на земја, што потекнува од феудализмот, што cè уште ce среќава, особено во неразвиените и земјите во развој. Како закупци наполичари ce јавуваат ситните селани, бидејќи за сопствената издршка не им достига сопствената земја, селаните безземјаши и земјоделските работници и др.