Што е nearshoring?

208

Nearshoring е поим што не ѝ непознат на теоријата, се среќава и во пракса, но експерти уверуваат дека допрва ќе го доживува својот развој. Станува збор за процес во којшто одредена компанија, сели дел од своето работење во некоја од своите соседни земји.

Па така, nearshoring за некоја компанија од земјава би значело селење на дел од активностите во Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Косово…

Nearshoring нуди оптимални решенија за компании коишто сакаат да пренесат дел од работата во некоја соседна земја со цел да ја зголемат ефикасноста, но и да ги намалат пречките на традиционалниот offshoring, што подразбира преместување на оперативните активности на компанијата во друга земја.

Спротивно на nearshoring е farshoring, што значи преместување на дел од работата на компанијата на некоја далечна дестинација.

Меѓу главните предности на селење на дел од бизнисот во некоја соседна земја може да биде тоа што не се големи трошоците за патување, нема големи временски разлики, постојат одредени културни, општествени и социјални карактеристики што се слични за соседните држави што значи дека нема да има проблеми во привикнување и адаптирање на новите работни процеси.

Фото: Freepik