Што е негативна каматна стапка?

164

Негативна кампатна стапка е онаа каматна стапка што е под стапката на инфлацијата . Таа е неповолна за доверителите. Спротивно на неа е позитивна, односно реална каматна стапка.

Негативната, т. е. нереалната каматна стапка не само што не го оплодува депозитот туку таа не ja обезбедува ни неговата вредност, дури и ja намалува. Затоа таа е на штета на доверителите. Каматата (интересот) е економска категорија што има мошне важна улога во функционирањето на националното стопанство и во рационалното однесување на економските субјекти.

Негативната каматна стапка го дестимулира штедењето, a го стимулира претераното задолжување, влијае за претеран пораст на сите видови потрошувачка врз основа на кредит, бидејќи при отплатата на кредитот должникот (обврзникот) враќа реално помала сума пари во споредба со позајмената.