Што е нова кејнзијанска економија?

188

Нова кејнзијанска економија претставува современа економска школа, која го поврзува кејнзијанизмот со новите достигнувања на економската теорија. Оваа школа претставува трета генерација во развојот на кејнзијанизмот и се појави во 80-тите години на минатиот век.

Новите кејнзијанци прифатија дел од оправданите критики на новата класична економија, како што се: тезата за рационални очекувања и потребата за обезбедување микроекономски основи на макроекономските модели.

Од друга страна, претставниците на оваа школа обезбедија нови докази во прилог на ефикасноста на економската политика. Основните поставки врз кои се темелат моделите на новите кејнзијанци се: поставката за несовршена конкуренција, хипотезата за плати на ефикасноста, хипотезата за хистереза и постоење номинални и реални ригидности во економијата.

Најзначајни претставници на оваа школа се: Оливие Бланшар, Лоренс Бол, Грегори Менкју, Дејвид Ромер, Џон Тејлор итн.

Фото: Pixabay