Одржливост претставува можност нешто да постои во континуитет, односно постојано. Нејзиниот фокус е да ги задоволи потребите на сегашната генерација без да има негативни ефекти врз потребите на идните генерации.
Кога зборуваме за нешто одржливо мислиме дека е способно самостојно да функционира без притоа да и наштети на околината.
Одржливоста може да се “огледа“ во три различни гранки: економиска, социјална и еколошка.
Кога станува збор за одржлив бизнис, тоа значи дека компанијата се обврзува до одреден временски период ќе го прилагоди своето работење во насока на поголеми дела, наместо само да се фокусира на добивка и загуба.
Компанијата, најчесто, поставува одржливи цели и работи кон нивно остварување. Но, честопати за да се постигнат истите потребно е повеќе време од предвиденото. Кога бизнисот ќе ги постигне одржливите цели, на пример, намалување на штетните емисии за 10%, потоа се етикетира како “зелен или одржлив“ бизнис.
Компаниите можат да ги постигнат своите одржливи цели на повеќе начини, со намалување на штетни емисии, користење на енергетско ефикасни начини за добивање на струја, елиминирање на пластиката и друг вид на отпад, рециклирање и слично.
Кога некоја голема компанија на светско ниво се обврзува на одржливо работење, тогаш и сите останати бизниси што соработуваат со неа мора да ги исполнат ветените принципи на одржливост.
Доколку некоја од нив не ги почитува правилата ќе биде ифрлена од “ланецот на одржливост“ на големата корпорација.
Фото: Pixabay