Што е офшор компанија?

1323

lap-top-i-pogled-pixabay

Офшор (offshore) е компанија основана во странство, којашто нуди деловни и економски предности во однос на локалното претпријатие.

Offshore може да се дефинира како бизнис можности што ја нудат земји во странство, коишто вообичаено не можат да се користат во матичната земја. Овој поим се однесува на деловни активности преку користење на банки, трансакции или компании во странство.

Најчести дестинации на коишто се отвораат офшор компании се: Панама, Белизе, Карибите, Сејшелите, Маврициус и слично.

Овој вид на компании немаат обврска да плаќаат данок на остварената добивка, ниту да поднесуваат финансиски извештаи. На сопствениците и директорите на такви фирми се нуди максимална приватност, бидејќи нивните имиња не мора да бидат јавно запишани во трговските регистри.

Главната цел на основањето на офшор компанија не е злоупотреба, матни зделки или сокривање пари, туку приватност во работењето и пониски трошоци за водење на бизнисот.

Карактеристики по коишто се препознатливи офшор компаниите: регистрацијата може да се направи од било кое место, преку Интернет, брзо и во рок од 24 часа; името и презимето на основачот остануваат анонимни; во офшор компанијата не мора да има вработени, туку доволно е да се склучи договор со било кое лице; не е потребен деловен простор и може да се користи било која адреса или во државата или во странство; офшор компанијата не мора да има банкарска сметка, бидејќи може да се користи и за готовински трансакции или други сметки…