Што е патничко осигурување?

275

thumbnail_Eurolink FB Cover patnicko

Без оглед на тоа дали патувате во странство поради работни обврски или на годишен одмор, секогаш е важно да се чувствувате безбедно. Патничко осигурување ви гарантира мир дека сите работи се под контрола, додека сте далеку од својот дом или канцеларија.

Полиса за патничко осигурување се купува пред заминување на патувањето.

Полисата го покрива периодот додека трае престојот во странство, а со враќање во земјата престанува да важи.

Видови на патничко осигурување

Патничкото осигурување на Еуролинк осигурување овозможува заштита во случај на болест или повреда за време на престој во странство. Висината на премијата за осигурување зависи од должината на престојот.

Постојат повеќе видови на патничко осигурување како што се: ОПТИМУМ, ПРЕМИУМ, ВИП И ТУРИСТ, кои освен здравствена заштита во странство обезбедуваат осигурување на помош при патувње, осигурување на багажот, осигурување од незгода, надомест за изгубени документи, надомест при откажување на патување и друго.

Како до патничка полиса?

Еуролинк осигурување овозможува контакт со продажен агент кој во целост ќе ја претстави понудата на осигурителната компанија и ќе го посочи најсоодветното осигурување за клиентот.

Исто така, овозможува и директно купување на полиса за патничко осигурување преку својата веб продавницата на следниот линк:

https://shop.eurolink.com.mk/EurolinkWebShop/shop/wizard?type=travel

Што покрива патничкото осигурување

Вообичаено, патничкото осигурување, во делот на здравственото осигурување, ги покрива трошоците за амбулантно и болничко лекување, трошоците за транспорт до најблиската болница, како и трошоците за медицинска асистенција, што подразбираат помош при пронаоѓање на доктор, информации, лекарски совети и асистенција, стоматолошки интервенции, набавка на неопходните лекови и медицински материјали…

Во моментот кога ќе се активира осигурувањето, осигуреникот задолжително мора да ја сочува целокупната оригинална медицинска документација, на чија основа ќе добие рефундирање на трошоците по враќање во земјата или трошоците директно ќе се платат на здравствената установа.

Патничкото осигурување не го покрива лекувањето на заболувањата што се познати пред да започне патувањето, а не го вклучува ниту лекувањето на хронични болести. Кога се во прашање стоматолошките услуги, овој вид на осигурување ги покрива само итните случаи до одреден утврден износ.

Исто така, патничкото осигурување не ги покрива трошоците на однапред договорени операции, туку само оние што се прават во исклучителни околности предизвикани од неочекувана болест или несреќен случај.

Како се користи ЕУРОЛИНК патничката полиса

Како корисници на најдоброто патничко осигурување и помош при патување во земјата – патничко осигурување на Еуролинк осигурување, имате на располагање центар за 24-часовна поддршка ЕУРОЛИНК 24 кој треба да го повикате најдоцна 24 часа од настанување на случајот на +389 2 15 888, или да испратите писмо на eurolink24@eurolink.com.mk и тоа во следните случаи:

  • Доколку ви е потребна итна лекарска помош
  • Доколку постои итна потреба за враќање деца од странство
  • Доколку се јави потреба за предвремено враќање дома
  • Доколку сакате да го продолжите престојот во странство.

Осигуреникот треба да го повика тој број и да го објасни проблемот, а официјално лице на осигурителната компанија ќе му даде насоки за постапување заради решавање на проблемот.

За останати штети за кои не е потребна асистенција на ЕУРОЛИНК 24 во моментот, се поднесува пријава на штета по враќањето дома.