Што е поевтино, а што поскапо во јануари?

38

Трошоците на живот во јануари оваа година, во споредба со декември лани, се намалени за 0,2%, додека цените на мало останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6,5%, свежото и разладеното овошје за 1,6%, виното за 0,5%, месото за 0,4%, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0,3%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи за 2,7%, течните горива за домаќинствата за 1,9%, опремата за спорт, кампување и рекреација на отворено за 1,3%, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,1%, обувките за 1%, цврстите горива за домаќинствата за 0,9%, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,6%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5%, другата облека и додатоците за облека за 0,4%, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,2%.

Пораст на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6%, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5%, маслото и маснотиите за 0,4%, жестоките пијалаци за 0,3%.

Во јануари, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4%, гасот за домаќинствата за 3,6%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2%, мебелот и покуќнината за 1,6%, велосипедите за 1,4%, големите електрични апарати за домаќинствата за 1%, патниот патнички транспорт за 0,8%, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0,6%, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,4%, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0,3%, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0,2%.

Трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележат зголемување од 1,9%, а кај цените на мало има пораст од 1,6%.

Фото: Freepik