Што е потребно за еден производ да стане препознатлив и споделуван?

31

viralno

Фото: Pixabay

Сакате да креирате препознатлив производ кој ќе ги инспирира клиентите да го споделуваат? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.

Социјална популарност

Клиентите повеќе ќе го прифатат производот ако истиот ги прави да се чувствуваат посебно или во тренд со секојдневието.

Тригери

Производи кои ќе си обезбедат добро место на пазарот стануваат дел од нашите животи, па со самото тоа тие креираат потсетници и причини повторно и повторно да се враќаме кај нив. На пример Facebook и Twitter постојано не враќаат на нивните страни, со малите нотификации кои ни кажуваат дека имаме нова порака или дека некој во нешто не споменал.

Емоционален елемент

Луѓето многу повеќе му веруваат на производот ако се емотивно афектирани од истиот, било тој да решава емоционален проблем или да ве насмее кога имате лош ден. На пример ако некој пост, коментар или слика ве расположи, тогаш вие истиот ќе го споделите со пријателите на кои им треба нешто да ги развесели во моментот.

Забележителност

Ако производот има некое обележје по што ќе се разликува од другите, како интересно лого или боја, тогаш тој сигурно нема да остане незабележан. На пример веднаш ќе препознаеме iPod токму поради тоа што слушалките на Apple беа бели, за разлика од сите останати кои се произведуваа во црна боја.

Практична вредност

Вистинскиот производ што му го дава на корисникот она што тој го очекува од него, е многу поверојатно да биде често препорачуван. На пример, Evernote многу им помага на своите корисници во запомнување и организација на информациите, па затоа често е препорачуван за користење.

Приказната зад производот

Доколку сакате луѓето да го споделуваат вашиот производ, тие треба да знаат да ја кажат приказната зад производот. Тоа може да биде едноставно, како една јасна реченица за тоа што е производот, или пак да биде многу поопширно како интересна оригинална приказна за настанокот на производот и неговиот ефект.