Што е потребно за луѓето да ви веруваат?

32

kacuvanje

Фото: Pixabay

Довербата е од огромна важност за една личност. Затоа потрудете се да ја стекнете и уште поважно, внимавајте да не ја изгубите.

Бидете си сами на себе пример. Прва личност што мора да ја водите сте вие самите. Покажете дека сте достојни за почит и доверба. Само така и другите ќе можат да ви веруваат.

Кажете го тоа што го мислите и стојте зад тоа што го кажувате. Изградете репутација со тоа што ќе бидете искрени и директни, за луѓето да не мора да претпоставуваат што точно сакате да кажете.

Исполнувајте го тоа што сте го ветиле. Тоа ќе ги охрабри луѓето да ви веруваат.

Разјаснете ги очекувањата. Отворено кажувајте им на луѓето што очекувате од нив. Истражувањата покажуваат дека 80% од конфликтите произлегуваат од нејасни очекувања.

Не вртете од околу. Не ги заобиколувајте информациите. Несигурноста и мистеријата раѓаат недоверба.

Учете од слушање. За да ја добиете довербата, одвојте време и внимателно слушајте ги луѓето што имаат да кажат.

Не озборувајте. Никогаш не зборувајте за другите зад грб. Нема никаква корист од тоа освен што ќе го изгубите и оној кредибилитет што сте го имале.

Бидете она што сте – сите други се зафатени. Не се менувајте само за да задоволите нечии туѓи каприци. За луѓето да ви веруваат треба да бидете доследни на сопствената личност.

Чувајте тајни. Ако некој ви се довери, чувајте ја тајната за себе. Тоа многу значи за градењето на довербата.

Помнете имиња. Потрудете се да ги запомните имињата на луѓето што ги запознавате. Тоа им се допаѓа на сите и е поен плус да ви веруваат.

Бидете доследни. Немојте постојано да ги менувате вашите ставови и мислења. Доследноста гради доверба.

Поттикнувајте го најдоброто во другите. Дајте им до знаење дека се грижите за нив и дека се интересирате за тоа што можат да го постигнат.

Признајте ги вложувањата на останатите. Ако некој се труди, потрудете се и вие да ги признаете нивните напори да остварат нешто.

Преземете одговорност. Кога нешто ќе тргне наопаку, преземете одговорност за грешките. Доверба добиваат оние што се одговорни.