Што е приватизација?

81

Фото: Pixabay

Приватизација претставува процес на пренос на имот, односно капитал, од државна во приватна сопственост. Во поширока смисла, приватизацијата претставува приватно управување со државен имот.

Купувачот на овој вид на капитал може да биде домашно или странско, приватно или физичко лице. Во секоја земја постои институција во форма на агенција за приватизација што го продава капиталот, ја промовира, спроведува и контролира постапката за приватизација согласно законските одредби.

Еден од најстарите методи за приватизација е продажба на државен имот на приватни лица. Постојат два основни начини преку коишто може да се реализира приватизацијата: преку јавен упис на акции (државата нуди фиксна цена на акции и ги нуди на продажба на приватни лица или институционални инвеститори) или преку непосредна продажба на најповолен купувач (државата организира тендер или непосредно преговара со заинтересирани инвеститори).

Доколку една компанија што била во државна сопственост се приватизира, тоа може да донесе повеќекратни бенефити: добро управување, проширување на работењето, реорганизација, воспоставување ред и систем на работа, зајакната дисциплина, подобри резултати и слично.