Што е ревалвација?

1184

coins-1726618_960_720

Фото: Pixabay

Ревалвацијата, како и девалвацијата, е монетарно-политичка мерка која претставува зголемување на вредноста на домашната валута во однос на нејзиниот стандард. Или накусо, еднократно зголемување на вредноста на домашната валута.

Ревалвација е и законско намалување на цената на златото. Целта на ревалвацијата се состои во спречување на некој начин на инфлацијата којашто владее во конкретната држава.

Исто така, ревалвацијата на националната валута ќе овозможи земјата да го намали извозот во странство, а да го зголеми увозот, доколку девизниот биланс е постојано средство.

Само навидум, ревалвацијата е подобра од девалвацијата, но, тоа не е така, бидејќи со ревалвацијата се намалува конкурентската способност на домашното стопанство и притоа се разнишува трговскиот баланс, расте увозот, а паѓа извозот што може да доведе до сериозни проблеми на домашното стопанство, доколку не се реагира навреме со соодветни механизми.

Ревалвацијата во една држава ја спроведува владата заедно со монетарната власт во услови кога земјата со нејзините странски партнери има долгорочен забавен пораст на цените или поради политички притисоци на други земји за да се балансира билансот на плаќање.