Што е ројалти?

406

Фото: Pexels

Ројалти во економскиот речник подразбира надомест кој сопственикот на одредена лиценца треба да ја плати на субјектот кој му ја издал лиценцата за отстапеното право за искористување на предметот од договорот за лиценцата.

Ројалти терминот уште се употребува во процедура кога се плаќа надомест за користење, односно отстапување на бренд на одреден производ, како и за начин, метод на соработката меѓу двете договорни страни.

Примери за користење на терминот ројалти и негова практична примена честа е во процедури во Фондот за иновации во случај на грантови кои се доделуваат на младите претприемачи и новите бизниси. Како за пример, едно од клучните прашања при аплицирањето за парите од Фондот за иновации е начинот на враќање на парите.

Тоа се одвива на следниов начин: по успешна комерцијализација, приходите (не само добивката) кои се остварени како резултат на финансираниот проект од Фондот се основа за плаќање на ројалти. Тоа подразбира 5% од годишниот приход на корисникот до остварување  повраток на 120% од износот исплатен од страна на Фондот или за период од 5 години по завршувањето на проектот.