Ѕales force е дел од бизнисот, компанијата, што е одговорен за продажбата на производите или услугите. Тоа се луѓето, односно вработените што имаат најмногу контакт со клиентите.
Од големо значење е проценката на sales force, што дава понатамошни насоки дали треба да се направат одредени промени во секторот. Понекогаш тимот треба да се зголеми, да се префрлат вработени на поинаква задача или доколку треба и да се отстранат од продажниот тим.
За некои компании што ги прават своите продажби онлајн или преку телефон sales force е само опција. Од нив се очекува да се погрижат само за големите зделки, додека останатото се препушта на одделот за грижа на корисници и вработените за спроведување на нарачки.
За други бизниси луѓето од sales force се “борците во први редови“, а понекогаш и единствените вработени во компанијата што клиентите можат да ги видат. Овој тип на “продавачи“ имаат многу важна улога и огромна одговорност, од причина што се инволвирани во речиси секој сегмент на работењето и контактираат со многу луѓе вклучени во продажниот процес.
При евалуација на sales force тимот како основна точка се зема продуктивноста. Најчесто перформансот на индивидуалецот се споредува со одреден просек. Ова е многу важно за да се одреди дали во тимот неколку луѓе работат и за останатите кои не генерираат профит.
Секоја компанија треба да даде прецизни насоки на продажниот тим за тоа каков тип на продажба се очекува, дали тоа треба да се заврши итно или се оди на постепено градење на доверба и стекнување на лојални клиенти, кое што понекогаш трае и со години.
Фото:Pixabay