Што е слип?

300

Фото: Pixabay

Во економијата, терминот слип најчесто се користи во две сфери. Во осигурувањето и во банкарскиот сектор. Во првиот случај, слип претставува пишан документ во скратен облик со којшто се утврдува кои ризици се покриени со осигурувањето.

Во вториот случај, и најчесто користен, слип претставува пишан документ, потврда за банкарска трансакција. Слипот уште се поистоветува со хартиена потврда што корисникот на картичката во процес на купување, односно трансакција, му ја издава ПОС уред или банкомат во случај на подигнување на готовина, а служи како потврда за успешно изведена трансакција.

На слипот има испечатена информација за состојбата на депозитот и висината на повлечените, искористените средства. Испишани се и технички информации, како и датум и други слични техникалии, во зависност од банкоматот или друг уред преку кој се врши одредена трансакција.