Што е сребрена економија?

387

Можеби некогаш сте слушнале за сребрена свадба, но дали и за сребрена економија? Станува збор за термин што во светот се користи за економија што ја водат постарите лице, без оглед на тоа дали тие се активни во бизнисот или како потрошувачи кои имаат потреба од најразлични производи или услуги. Своето име го добива поради честата употреба во англискиот јазик за седа коса – silver или сребрена.

Непобитен е фактот дека населението старее и тоа е глобален тренд. Демографијата на светот се менува, луѓето живеат подолго, имаат помалку деца и сето тоа се одразува на стареење на популација. Проценките велат дека до 2050 година 20% од светската популација ќе биде сочинета од луѓе постари од 60 години.

Исто така, старее и населението во економски развиените земји. Во Јапонија, повеќе од 30% од населението има 60 и повеќе години, а овој процент постојано расте. Исто така, во Велика Британија сега има повеќе луѓе постари од 60 години од оние кои се помлади од 16 години.

Од таа причина, деловните лидери и креатори на политики мора да обрнат внимание на оваа популација.

Потрошувачката на лицата кои имаат над 50 години, до 2025 година би можела да надмине 6,4 милијарди евра.

“Сребрената економија е нова зелена економија. Ако успееме да одговориме на предизвиците што ги носи стареењето на популацијата, можеби ќе им овозможиме на луѓето да живеат подолго и посреќно“, во една прилика, изјави Еско Ахо, еден од директорите на Nokia.

Токму неговата земја го разгледува потенцијалот како овој демографски предизвик да го претвори во бизнис можност. Една од навиките на постарите потрошувачи, што се менува поради пандемијата, е драстичното зголемување на купувањето преку интернет.

Фото: Pexels