Што е стандард?

746

Стандард може да се дефинира како критериум, односно типизација на производите и услугите. Кога зборуваме за стандардизација мислиме на утврдување на  еднаква мера или големина, облик или димензии на нешто.

Под стандард се подразбира и определување на содржина или квалитет, односно пропишување на квантитативните и квалитативните својства што еден материјал, производ или услуга треба да ги поседува за да задоволува некоја потреба, односно стандард.

Стандардизацијата има предности што ce огледуваат во:

  • Брзо и едноставно проектирање;
  • Јасност и едноставност во манипулацијата при продажбата, порачката и набавката, подобро искористување на магацинскиот простор и попрегледна евиденција;
  • Овозможува сериско и масовно производство, поголема продуктивност на трудот, подобро искористување на материјалот, што влијае врз смалувањето на трошоците на производството.

Стандардизацијата дава поголема можност за специјализација и кооперација.