Што е тендер?

1953

dokumentacija-pexels

Фото: Pexels

Овој поим води потекло од британскиот збор tender, што значи понуда, односно потврда што содржи детален опис на производот или услугата, како и условите што мора да се исполнат да се тргува со одреден предмет.

Најчесто, тендер распишува јавно претпријатие за набавка на одредени производи. Тоа распишува јавен повик за собирање понуди и со тоа тендерот претставува формален систем преку којшто јавно се огласува потребата за собирање понуди за набавка на одредени производи или услуги од правни лица.

Содржината и формата на тендерот се пропишани и во рамки на Законот за јавни набавки. Целта на овој закон, како што се наведува, би требало да обезбеди: конкуренција меѓи економските оператори; еднаков третман и недискриминација на економските оператори; транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка.