Што е upselling?

151

Upselling е продажна техника што има за цел да ги убеди купувачите да купат поскапа, надградена или премиум верзија од веќе одбраниот производ или услуга.

Оваа техника многу често ја комбинираат бизнисите што се занимаваат со онлајн продажба. Тие користат upselling во обид да остварат што е можно поголем профит.

Неколку примери за upselling:

  • Мени во ресторан има опција да се додаде месо или ракчиња во салатата за дополнителна цена.
  • Продавач во автосалон го убедува купувачот да купи поскапа верзија на автомобилот, којашто вклучува и кожни седишта.
  • Онлајн алатка е достапна бесплатно, но само во основната верзија, а за премиум потребно е да се плати одредена сума.

Оваа продажна техника, доколку се употреби правилно може да биде од голема корист. На пример, продавачот гради подлабока поврзаност со купувачот и тој доколку е задоволен секогаш се враќа по повеќе.

Успешниот upselling треба да му остави впечаток на купувачот дека тој е “победник“ во ситуацијата, односно дека имал голема корист.

Фото:Pixabay