Што е USB?

238

Скоро и да нема некој од нас што не ги чува своите потребни електронски податоци на USB. Но, сигурно се прашувате што претставуваа оваа кратенка. USB е кратенка од Universal Serial Bus, којшто што како уред се појавува на крајот на 90-тите години од минатиот век. До денес има голем број промени, од брзина, капацитет, па сè до различни облици во коишто може да се најде.

USB е медиум за складирање на дигитални податоци, има приклучок со којшто може да комуницира со компјутер или некој друг вид на уред, како што се: глувчиња, тастатури, печатачи, звучници и слично.

Зад неговиот дизајн стои компанијата IBM, којашто го развиваше во текот на 1998 година, а се смета за пандан на дискетите, ЦД и ДВД дискови, од кои има повеќе предности.

USB меморијата поддржува различни брзини за пренос на податоци, а денес може да се најдат во слободна продажба од 128 MB до 1ТВ. Претходно постоеле и USB меморија со капацитет од 64МВ.

Фото: Pixabay