Што е валоризација?

1182

Валоризација претставува определување вредност, односно цена на нешто. Самиот поим се дефинира и како утврдување на книговодствената вредност на основните средства (средствата на трудот), a исто така на
стоките, на хартиите од вредност, според  пазарната вредност.

Валоризацијата има особено значење за основните средства. Co таа мерка ce спречуваат неоправданите загуби. На пример, од купувањето на основните средства до нивното заменување co нови, минуваат години. За тоа време настануваат промени во цените, истите обично растат.

Ако амортизационите отписи ce водат според набавната цена, ќе ce случи сумата во фондот за амортизација да не достига за да ce изврши обнова на основните средства. За да не дојде до тоа, стопанските организации ce принудени или co закон ce задолжени да вршат валоризација на основните средства, односно нивната книговодствена вредност да ja израмнуваат co пазарната вредност.

Ha тој начин ce одржува куповната сила на фондот за амортизација за нормално обновување на основните средства, односно за нормално одвивање на простата репродукција на основните средства.

Изразот валоризација ce употребува и во однос на пензиите, каде што може да се дефинира како усогласување на номиналните износи на пензиите според животните трошоци или движењето на личните доходи на вработените.