Под поимот вирална содржина се подразбира натпис, фотографија или видео што многу брзо се “шират“ онлајн преку нивно споделување на веб страни или социјални мрежи.
Тоа може да биде било каква содржина којашто на корисниците ќе им биде толку интересна за да ја споделат.
Содржината може да стане вирална од повеќе причини. Забавниот елемент е најчеста причина.
Како други карактеристики на виралниот пост, се јавуваат корисната информација, уметничкиот елемент, промовирање на разни мислења и гледишта…
Друга причина што може да придонесе за создавање на вирална содржина е репутацијата и следбениците на тој што споделува.
Социјалните инфлуенсери кои имаат големо онлајн присуство преку повеќе канали, како и многу следбеници на социјалните мрежи придонесуваат за креирање на вакви содржини.
Фото: Pexels