Што ги плаши богатите Американци?

37

Богатите Американци забрзано бараат решение како да ги намалат трошоците за данок, стравувајќи дека демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден, ќе победи на изборите и ќе ги промени даночните закони.

Богаташите, како што пренесуваат американските медиуми, се посебно нервозни поради стравот дали ќе остане горниот праг од 11,58 милиони долари за ослободување од плаќање данок на имот и податок или ќе се спушти или укине до 2025 година.

Демократите сакаат да го подигнат прагот за данок на имот на “историска норма“, што би значело дека лимитот повторно да биде спуштен на 5,49 милиони долари, како до 2017-та година.

Изборните резултати се неизвесни и не се знае дали даночните закони ќе се менуваат.

Бајден најверојатно ќе го “врати данокот на имот на ниво од 2009-та година“ со цел да ги финансира трошоците за боледувања и поддршка на семејствата. Неговиот план вклучува и зголемувае на данокот на приход од продажба на долгорочни хартии од вредност, како што се обврзници, акции, злато, недвижнини и слично.

Даночните обврзници во САД, чии годишни примања надминуваат милион долари би плаќале данок по стапка од 39,6%. Според важечките прописи, оние во највисоката даночна класа, со примања поголеми од 441.450 долари, во овој момент плаќаа данок од 20%.

Фото: Freepik