Што ги прави клиентите задоволни?

36

smajli-2-pixabay

Фото: Pixabay

Задоволен клиент е нешто кон што се стремат сите компании. Но, како да се осигурате дека купувачот останува и ќе биде лојален на вашите понуди?

Во продолжение неколку работи што можат да ви обезбедат сигурен клиент:

Вработени кои се достапни и си ја знаат работата

Секој купувач сака вработен што си ја знае работата, достапен е кога треба и знае кога да се повлече. Клиентите многу ја вреднуваат точната информација и токму затоа сакаат да бидат услужени од вработени што навистина го познаваат производот или услугата и знаат како тоа да го презентираат на најдобар начин.

Расположени луѓе

Не само што сакаат вработени кои си ја знаат работата, купувачите сакаат да видат расположени и учтиви лица. Сепак, тоа не смее да биде лажирано, зошто луѓето умеат да препознаат кога некој сосила го прави тоа. Вработените мора да го почитуваат секој клиент повеќе од самата продажба.

Вредност

Цената е важна, но купувачите ја гледаат како составен дел од една поголема слика, од таканаречената вредност, во којашто е вклучена точната информација, услугата и пост- продажната грижа на вработениот за клиентот и купениот производ или услуга.

Погодност/Едноставност

Треба целиот услужен процес да биде лесен и погоден за потрошувачите. Клиентите сакаат да видат организираност, прегледност и јасност на производите, односно услугите што ги нудите. Колку поедноставна организираност, толку поголема ефикасност.

Брза завршница

Додека клиентот се одлучува дали да купи или не, тогаш треба да сте присутни и подготвени да помогнете околу одлуката. Но, штом ќе ја донесат одлуката, тогаш треба да се повлечете, односно да бидете што поекспедитивни. Не кажувајте дополнителни предлози кога веќе е завршена трансакцијата.