Што ги прави луѓето шармантни?

115

razgovor

Фото: Pexels

Најчесто меѓу бизнис луѓето можете да сретнете нељубезни, груби, па дури и агресивни личности што постигнале голем успех. Но, кога сакаме да градиме долгорочна бизнис или лична врска, природно се поврзуваме со луѓето кои се љубезни, скромни и фини. Накратко кажано, сите сакаме да се поврземе со шармантни луѓе.

Прочитајте што ја прави една личност шармантна и на каков начин се однесуваат тие:

1. Секогаш им е мило кога ќе ве сретнат

Кога согледувате дека некоја личност ве сфаќа, го цени вашето мислење и начинот на гледање на нештата, без разлика за што комуницирате, тогаш се чувствувате позначајни. Другата личност не мора да се согласува со вас, туку само треба да покаже почит кон вас. Шармантните луѓе го прават тоа со контакт со очите, се смеат кога вие се смеете, се разбеснуваат заедно со вас. На невербален начини, тие го имитираат вашето однесување, затоа што се фокусирани на она што го зборувате. Повратната реакција им помага на луѓето да се зближат, а таа способност за зближување е есенцијата на шармот.

2. Понекогаш покажуваат ранливост

Шармантните луѓе не се трудат да победат во компетиција со луѓето што ги среќаваат. Всушност, тие на некој начин сакаат да изгубат. Доделуваат комплименти и се импресионирани од другите луѓе. Тие дури се спремни да си ги признаат слабостите и неуспесите. Шармантните се доволно самоуверени и затоа не се плашат да покажат малку ранливост. Тие знаат дека луѓето само кратко време се импресионирани од извештаченоста и дека сите сакаат и ја ценат искреноста.

3. Константно сакаат да се договараат, наместо да контрираат

Луѓето се обучени кога дискутираат најчесто да се спротивстават, бидејќи имаат различни мислења. Но, контрирањето лесно може да премине во навика. Секогаш полесно е по автоматизам луѓето да не се согласуваат меѓу себе, наместо да најдат заедничките точки и да постигнат договор. Шармантните луѓе не сакаат да контрираат, тие секогаш се трудат да постигнат согласност. Ако имаат спротивно мислење, тогаш нежно го изразуваат и на тој начин креираат пријатна конверзација.

4. Ја користат моќта на допирот

Допирот може да биде неверојатно моќен. Тој може да влијае врз однесувањето, да ги зголеми шансите за усогласеност, и да ги направи лицата што допира да изгледаат попривлечни и попријателски настроени.

5. Се шегуваат за своите слабости

Шармантните луѓе своеволно ги признаваат грешките. Не им пречи кога се извор на смеа, за другите и за нив самите. Исто така не се плашат да изгледаат малку глупави во некои ситуации. Можеби изгледа чудно, но луѓето го почитуваат тоа. Кога ги покажувате слабостите, луѓето не ви се смееат на вас, туку се смеат со вас.