Што ги советуваат успешните луѓе младите бизнис лидери

24

Генијални мисли од познатите успешни луѓе, што секој млад бизнис лидер треба да ги послуша..

Ворен Бафет

Секогаш настојувајте да бидете смирени и да се воздржите од импулсивни реакции. Порано или подоцна ќе зажалите за избрзаната одлука.

Ричард Бренсон

Никогаш не погледнувајте наназад и немојте да жалите за тоа што се случило или не се случило. Бидете подготвени да продолжите напред, да го направите следниот чекор, да започнете нешто ново, нешто подобро.

Џ.К Роулинг

Прифатете го неуспехот како составен дел од животот. Само тогаш ќе имате шанса да успеете во тоа што сте го замислиле. Ништо не може да ве научи повеќе од една животна лекција плус.

Ерик Шмидт

Бидете отворени за повеќе работи. Прифаќајте го тоа што ќе ви се понуди, без разлика дали станува збор за бизнис зделка или за ручек со пријателите. Токму тие ДА се заслужни за тоа што сте сега.

Мариса Маер

Одберете нешто во што сте навистина добри и направете го тоа одлично. Нека биде вашето ремек дело.

Бил Гејтс

Клучот е во едноставноста. Трудете се да не ги компликувате работите. Се што правите нека биде темелно, трајно и едноставно. Така се доаѓа до вистинските вредности.

Фото: Pixabay