Што имаат да си кажат Путин и Маск

51

Американскиот претприемач и сопственик на фабриката за електрични возила, Tesla, Илон Маск го праша рускиот претседател, Владимир Путин дали би бил заинтересиран да му се приклучи на социјалната мрежа Clubhouse. Потегот на еден од најбогатите луѓе во светот предизвика голем интерес и многу шпекулации околу темите за коишто би разговарале.

Маск го тагнал официјалниот профил на рускиот претседател на Twitter, прашувајќи го: Дали би сакале да ми се приклучите во разговор на Clubhouse? Американскиот милијардери на руски му порачал на Путин дека би му била голема чест да разговара со него. Не прецизирал на кој јазик би разговарале, а Путин освен руски зборува и германски и англиски јазик.

Официјален Кремљ уште не дал одговор, но е добра познато дека Путин не користи интернет, бидејќи го смета за проект на ЦИА.

Clubhouse е аудио социјална мрежа, на којашто не може да се разменуваат пишани пораки, туку само вербално. Апликацијата овозможува приватни разговори, но досега биле организирани и масовни настани, во текот на кои луѓето би можеле да се приклучат и да ја слушаат дискусијата меѓу соговорниците.

Фото: Twitter