Што јадат милијардерите?

145

Ресторанот Delmonico’s е ресторан во Њујорк основан во 1837 година. Станува збор за ресторан сместен на Менхетн, којшто има долгогодишна традиција, а е посебен и по тоа што има мени наменето за луѓе со многу длабок џеб.

Станува збор за специјално мени за милијардери во коешто има специјалитети што имаат астрономски цени.

Најскап оброк на мените е таканаречениот billionaire’s flatbread, којшто чини 150 долари. На тенка кришка леб се додава посебен вид на говедско месо, рендани тартуфи, како и листови од 24-каратно злато што се јаде.

За “само“ 100 долари може да се нарачаат Scharfe Maxx и L’Etivaz сирења, коишто се скапи и ексклузивни. Тие се похуваат и им се додаваат посебен вид на сенф, тартуфи и сланина.

За оние кои се љубители на слатките работи, може да уживаат во десертот Black& Gold half moon cookie, што чини 50 долари. Има крен направен од 24-каратно злато што може да се јаде.

Фото: Facebook