Што јадат успешните за ручек?

97

Иако знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, сепак огромен број луѓе наутро не успеваат да јадат, па најмногу внимание му обрнуваат на ручекот. Кога станува збор за познатите и успешни луѓе од различни области, тие се пример за целиот свет, па дури и некои вообичаени нивни навики можеби ги водат кон планетарниот успех.

Мишел Обама – поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, најчесто за ручек јае риба или зеленчук, а омилено јадење ѝ е вегетаријанска пица.

Марк Цукерберг – основачот на најпопуларната социјална мрежа, Facebook вели дека јаде претежно вегетаријанска храна.

Опра Винфри – познатата и успешна телевизиска водителка за ручек обожава да јаде супа и салата.

Стив Џобс – основачот на Apple практикувал детоксикација на својот организам преку консумирање на само еден вид овошје или зеленчук. Па, меѓу поомиленото овошје му била јаболката.

Бил Гејтс – за основачот на Microsoft и еден од најбогатите луѓе во светот, омилена храна за ручек е чизбургер и диетална кока кола.

Фото: Pixabay