Што ќе биде со Олимпиското село сега кога игрите завршија

419

Во Tокио се продава цело село. Олимпиското село во Токио беше изградено за привремено да биде дом на 11.656 спортисти за време на Олимписките игри. Овој мал град беше целосно опремен со сè што им требаше на спортистите: од пошта  поликлиника, центар за забава, дигитално пикадо, видео игри. А, меѓу објектите имаше роботизиран превоз.

Меѓутоа, што ќе се случи со овој комплекс на вода, чија изградба чинеше две милијарди долари, сега кога завршија Олимписките игри? Околу 3.600 куќи во Олимпиското село, кое има поглед на незаборавниот Токиски залив, ќе бидат претворени во станови и ќе бидат продадени на заинтересираните страни по цена до два милиони долари.

Проектот, наречен Harumi Flag (по вештачкиот остров на кој се наоѓа селото), вклучува урбанизација на Олимпиското село во три станбени блока, што ќе биде завршено до 2023 година, како и изградба на облакодер што ќе биде готов до 2025 година, пишува Gradnja.rs.

Најголемиот станбен блок, Sun Village, ќе има 1.822 апартмани, малку помалиот Park Village ќе понуди 1.637 апартмани на пазарот, додека Sea Village ќе ги понуди најголемите и најлуксузните станови до дури 123 квадратни метри.

Така, Harumi Flag, проект финансиран од Градот и 11 приватни компании, ќе стане населба за 12 илјади жители до 2024 година. Овој дел од градот ќе добие станица со BRT (bus rapid transport), пристаниште за патнички бродови, два парка, основно училиште, како и едно средно училиште.

Апартманите во Олимпиското село беа понудени за продажба за прв пат во јули 2019 година, а пристигнати се 1.543 апликации за првите 600 станови. Сепак, продажбата е прекината поради пандемијата, но се очекува да продолжи оваа есен.

Фото: Olympics.com