Што ќе се случи со цените на новите автомобили во 2023 година и дали половните автомобили ќе поевтинат?

251

Сè повеќе светски финансиски организации се занимаваат со автомобилскиот пазар, кој поради тешко предвидливите глобални околности во текот на претходните години беше повеќе од разнишан.

Судејќи според проценките на инвестициската банка JP Morgan, цените на новите и на половните автомобили годинава би требало да бидат нешто пониски.

Од ЈП Морган очекуваат дека проблемите во снабдувањето со суровини и делови во автомобилската индустрија сега би можеле да бидат поблаги и релативно да се стабилизира пазарот на полупроводници, што би значело поголемо и побрзо производство, а со тоа и изедначување на понудата и побарувачката, пишува Блиц.

Ваквиот тренд, тврдат тие, може да доведе до пониски цени на автомобилите.

Се проценува дека цените на новите автомобили би можеле да се намалат за два до пет отсто, додека половните на четири тркала би требало да се намалат за 10 до 20 отсто.

Тие ја поврзуваат цената на половните автомобили со очекуваната пониска инфлација во 2023 година, која треба да биде половина помала во некои европски развиени земји.

Ако ги погледнеме извештаите од европскиот пазар на половни автомобили, просечната цена на половен автомобил го собори рекордот на сите времиња, при што сегашните цени во просек се повисоки за околу 12 проценти.

JP Morgan потсетува дека цените пораснале во 2022 година, а користените автомобили во септември, гледајќи на годишно ниво, пораснале за цели 42 отсто.