Што кога одговорот е НЕ?

23

no-68481_960_720

Фото: Pixabay

Критиката и одбивањето се составен дел од работата. Едноставно е невозможно секогаш да добивате позитивен одговор. Вашите претпоставени понекогаш мораат да кажат не, со цел да го подобрите вашиот перформанс и да ги извршите работните задачи најдобро што можете.

Одвојте време да бидете незадоволни

Прифатете ја критиката и одвојте време да бидете нервозни/тажни или едноставно незадоволни од тоа што се случило. Сепак, тоа нека биде кус период. Не дозволувајте негативните чувства да траат долго.

Бидете објективни

Разгледајте ги околностите со поинакви очи и направете мала анализа да разберете зошто сте одбиени, односно зошто вашата идеја наиде на негативен одговор.

Не ја сфаќајте критиката лично

Имајте на ум дека негативниот одговор не се однесува на вас лично, туку на дел од работата.

Имајте повеќе идеи и предлози истовремено

Не држете се строго само на една идеја или проект. Настојувајте секогаш да имате резервен план, во случај на одбивање. Можеби некој друг предлог ќе биде подобар.

Обидете се повторно

Негативниот одговор не значи крај. Тоа е само уште еден предизвик за вас, тест на вашата способност за пронаоѓање на алтернативен начин. Настојувајте да излезете појаки од целата ситуација. Научете ја лекција поскоро и пријавете се повторно.