Што купувавме во јануари? Статистика ги објави најновите податоци

Во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 13.1 %

Прометот со храна и пијалаци порасна за цели 13%

Според податоците на Држвниот завод за статистика во трговијата на мало во јануари 2026 година, во споредба со јануари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 19.3 %, а реално за 13.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.6 %, а реално опаѓа за 0.5 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за 6.4 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 16.3 %, а номинално за 6.6 %.

Во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 19.3 %, а реално за 13.1 %
  • Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за 6.4 %