Што можат да научат бизнис лидерите од кошаркарите

27

Фото: Pexels

Еден кошаркарски тим, функционира слично со бизнис тим. А што можат претприемачите да научат од тоа, во продолжение.

Вработете ги најдобрите

За успех се заслужни вработените. Затоа вработете луѓе кои ќе бидат најдобри во нивните области. Кога правите тим, секогаш бирајте луѓе чии знаења се различни и секогаш изберете некој кој ќе биде лидер, исто како и во кошарката.

Споделете ги заслугите

Сите “играчи” во тимот се важни. Секако некој може да ја има најголемата заслуга во одреден проект, но важно е да го пофалите целиот тим, а не само оној кој е најзаслужен, сепак успехот е заеднички. Никогаш не ја почнувајте реченицата со “најзаслужен за нашиот успех…”, ова може да ги демотивира другите во тимот.

Отворена комуникација

За да имате ефективна комуникација, треба јасно да зборувате, но и активно да слушате. Комуникацијата постојано мора да е двонасочна. Исто така треба да ги поттикнете сите од вашиот тим и да им поставите предизвици за да станат уште поефективни и да напредуваат индивидуално, а со тоа да напредува и целиот тим.

Не бидете себични

Победата на теренот е исто како и победата во бизнисот, конечниот резултат е заслуга на целиот тим, а не на една личност. Во кошарката, асистенцијата може да доведе до кош, а во бизнисот до продажба. Затоа, многу е важнот тимот меѓу себе да си помага, за да ја постигне саканата цел.

Споделете ја вашата визија

Важно е како лидер да имате визија. А уште поважно е истата да ја споделите со сите членови на тимот. Секој мора да знае кон што цели и каков треба да биде крајниот резултат. Споделете ја вашата замисла, јасно и со прецизни совети како до нејзино остварување.